Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGOFFKL

(Неактивен) - ДИРЕКТОР ЗА ДЕЛОВНИ ОПЕРАЦИИ

Детали за огласот

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА

Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување,  компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.

Во име на својот клиент, ДЕКРА ја огласува позицијата:

Директор за деловни операции

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТОСледење на промени во законска и подзаконска регулатива и нивна усогласеност во Друштвото; Организација на спроведување на состаноци на Одбор на Директори и Собрание на акционери; Управување со општите и кадрови работи во Друштвото; Анализа на работењето и остварените резултати на сите деловни единици, сектори и вработени; Контрола на извршувањето на работните задачи на секторите и деловните единици во зададени рокови; Дава конечна оценка и верификува одлуки по основ на решавање на случаи на штети; Изготвува извештаи за резултатите на работењето на одделни сектори на квартално, полугодишно и годишно ниво Врши месечна и квартална оценка на успешноста на вработените и го спроведува системот на плати за вработените; Врши контрола на процесот на решавање на штети и дава мислење по оценката за секој одделен случај, пред конечната верификација од страна на Главниот извршен Директор; Учествува во преговорите со реисугурителот и ја креира Програмата за реосигурување на Друштвото; Врши анализа на пазарот и предлага мерки за зголемување на ефикасноста и продуктивноста на работењето; Ги контролира трошоците на работење, врши анализа на трошковната структура и предлага мерки за оптимализација на трошоците; Контрола на набавки на Друштво; Ја води комуникацијата со јавноста во име на Друштвото; Ја води комуникацијата со пишаните и електронските медиуми во име на Друштвото; Изготвува план за маркетингшки активности на Друштвото на годишно ниво; Работи на реализација на планот за маркетинг на Друштвото и спроведува маркетиншко претставување на Друштвото; Врши евалуација и изготвува извешаи за корисноста од превземените маркетинг активности на Друштвото на квартално и годишно ниво; Изготвување извештај за реализација на Планот за континуитет во информацискиот систем и Планот на континуитет на работењето; Ги следи домашните и меѓународните трендови во осигурувањето и предлага прифатливи мерки за унапредување во работењето.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ Добри аналитички способности, уредност и одговорност; Умешност да се работи со голем број податоци; Работа во куси временски рокови; Способност за индивидуална и тимска работа; Одговорна и лојална личност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: job@dekra.mk 

Крајниот рок за аплицирање е: 20/03/2020.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Останати огласи од ист регион