Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGNOLKF

(Неактивен) - СМЕТКОВОДИТЕЛ

Детали за огласот

Наш клиент е компанијата АВТОНОВА ДОО Скопје,  ексклузивен увозник за марките CITROËN и DS за Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.

Во име на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка; Ги прима сите документи и врши контрола и уплата на дневен промет, навремено плаќање на царинските давачки, навремено плаќање на обврските кон странство и обврските во земјата како и нивна сметководствена обработка; Следење и наплата на побарувањата од сите правни и физички лица за купопродажба на стоки или услуги- сервисирање како и контрола на имплементацијата на купопродажните договори; Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор и финансовиот директор; Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување; Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор; Навремено обезбедување на сите документи за учество на тендери согласно законот за Јавни набавки; Соработува со другите членови на менаџерскиот тим со цел зголемување на профитабилноста и квалитетот на работењето; Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и финансовиот директор во рамки на сметководството и финансиите.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

 Добри аналитички способности, уредност и одговорност; Умешност да се работи со голем број информации; Работа во куси временски рокови; Способност за индивидуална и тимска работа; Одговорна и лојална личност.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk .

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27/02/2020.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.