Детали за огласот

  • Рудници и железарница УСЛУГИ акционерско друштво-СкопјеСкопје
  • Плата 30000
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.rzu.com.mk
  • Код на огласотTGNIKGM

(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОИЗВОДСТВО И ОДРЖУВАЊЕ

Детали за огласот

РЖ УСЛУГИ АД Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. 

Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.

Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им

овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин

стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

РЖ УСЛУГИ АД Скопје објавува оглас за вработување на

 

1. Раководител на производство и одржување

 

Избраниот кандидат ќе учествува во управување сотехнолошкиот процес и одржување на постројките.

Преку дефинирање на  задачи, раководителот обезбедува оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, анализа и изработка на извештаи,

решава специфични проблеми.

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. 

 

Квалификации на кандидатите:

·        Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), електротехнички  факултет

·        Со 5 години работно искуство

·        Возачка Дозвола Б категорија

·        Одлично познавање на MS Office, CAD софтвер и други пакети индустриски софтвер

 

Конкурентски предности за сите работни позиции:

·        Желба за работа во средина со високи барања

·        Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности

·        Динамичност, ефективност и ефикасност

·        Флексибилност и адаптибилност

·        Посветеност, мотивираност, иницијативност

·        Тимска работа и кооперативност

·        Решавање на проблеми

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

·        Мотивациско писмо

·        Биографија (CV)

·        Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

 

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 12 (дванаесет) месеци,

со можност за продолжување на неодредено време.

 

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса contact@rzu.com.mk ,

со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување: 15.11.2019