Детали за огласот

  • Kogel StilСкопје
  • Плата 25000
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTGNIKGH

(Неактивен) - ДИПЛОМИРАН МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Детали за огласот

КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој.  Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност. КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје објавува оглас за вработување на

 

1. Дипломиран Машински Инженер Инженерот ќе учествува во работата на постројките и е одговорен за одредена фаза од одвивањето на технолошкиот процес. Преку дефинирани задачи, инженерот ќе придонесува за оптимално функционирање на процесот, добивање на квалитетен производ и максимално искористување на капацитетите, организирање на човечките ресурси, а сето тоа со максимално ангажирање за безбедно извршување на задачите, како и со грижа за заштита на животната средина. Учествува во следење на работата на одделните постројки преку процесните параметри и на лице место, изработка на извештаи, решава специфични проблеми. Работата се извршува од 08:00 до 16:00часот. 

 

Квалификации на кандидатите:

·        Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), машински факултет 

·        Со или без работно искуство

·        Возачка Дозвола Б категорија

·        Познавање на Microsoft Officе, CAD софтвер и познавање на останати апликации ќе се смета за предност.

 

Конкурентски предности за сите работни позиции:

·        Желба за работа во средина со високи барања

·        Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности

·        Динамичност, ефективност и ефикасност

·        Флексибилност и адаптибилност

·        Посветеност, мотивираност, иницијативност

·        Тимска работа и кооперативност

·        Решавање на проблеми

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 1.    Мотивациско писмо 2.    Биографија (CV) 3.    Доказ за завршено образование

Огласот трае 15 (петнаесет) дена од денот на објавувањето. Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон. Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 12 (дванаесет) месеци,

со можност за продолжување на неодредено време. Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса kogelstil@gmail.com ,

со назнaка “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “ Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи. Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју. Краен рок за пријавување:15.11.2019