Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места4
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGNGKJG

(Неактивен) - ОТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

Детали за огласот

Во име на нашиот клиент, компанија која е лидер во областа на осигурување, ДЕКРА ги објавува следните позиции:

МЕНАЏЕР ЗА ШТЕТИ 

-Одговорен е за правилно, навремено и точно решавање на штетите, согласно закон и интерни процедури;-Го организира целиот процес на решавање на штети;-Организира и учествува на состаноци на Комисија за решавање на штети;-Обработка на барања за штети;-Контрола на извештаи;-Контактирање и средби со осигуреници во насока на решавање на приговори и претставки;-Подготвува и одобрува известувања кон осигуреници;-Одобрува исплати на осигурени суми по основ на решени штети;-Подготвува статистички квартални податоци;-Подготвува извештаи по одржани состаноци за решавање на штети;-Ги следи Законските прописи и промени во делот на решавање на штети.

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

-Изготвување на проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам и нејзино редовно ажурирање;-Воведување и примена на програми за ефикасно намалување и управување со идентификуваниот ризик од перење пари и финансирање на тероризам;-Анализа на клиентите;-Известување и доставување на податоци, информации и документација до Управата согласно со одредбите од овој закон и подзаконските акти донесени врз негова основа;-Чување, заштита и водење евиденција на податоци;-Спроведување обуки за СППФТ;-Ги следи Законските прописи и промени во делот на СППФТ.

ВОДИТЕЛ НА ПОЗАДИНСКА ПОДДРШКА

-Логистика, организација и координација на работните активности во позадински процеси;-Следење и организација на процесот на наплата на премија;-Следење и организација на процесот на наплата на премија;-Креирање на годишна стратегија за наплата на старо портфолио;-Координација и контрола на усогласеност на ИСО стандардот;-Анализи согласно потреби на работен процес;-Секојденва оперативна комуникација со Банки;-Креирање на предлози за подобрување на продажбата преку сите канали на продажба;-Учествува во креирање на нови производи.

ПРОЕКТ МЕНАЏЕР

-Подготвува предлог план за проекти;-Следи реализација на проекти;-Подготвува целосна документација за спроведување на проектите;-Врши тестирање при имплементација на проекти со надградба на софтвер и прифаќање на истите;-Предлага и развива нови производи;-Врши анализа на пазар;-Спроведува набавки во Друштвото;-Подготвува план за промотивни активности;-Изготвува извештаи по основ на промотивни активности.

Сите заинтересирани кандидати своите кратки биографии можат да ги испратат на следната e-mail адреса: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 23/10/2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани .