Детали за огласот

  • Друштво за производство и трговија АСП ПАК ДООЕЛ ОхридСкопје/Св. Николе/Велес
  • Плата 36000 ден.
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местаРаководител на Поледелско Стопанство
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.asppak.com
  • Код на огласотTGMGLKL

(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА ПОЛЕДЕЛСКО СТОПАНСТВО

Детали за огласот

АСП-ПАК Охрид е компанија која се занимава со производство и трговија на плетени производи за пакување на овошје и зеленчук и производство на мрежи за земјоделие, градежништво и декоративни мрежи. Покрај производствениот капацитет лоциран во Охрид, АСП-ПАК во изминатите 10 години, има инвестирано и изградено сопствени капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори, а од неодамна има започнато проект за производство на фуражни култури во Општина Лозово на површина од 350Ха. За свои потреби во сектор Земјоделско Производство, АСП-ПАК распишува оглас за вработување на Раководител на Земјоделско Производство со огромна можност за напредување.

Бараме амбициозни, комуникативни и мотивирани личности со одлични организаторски способности и менаџерски вештини.

АСП-ПАК на избраниот кандидат ќе му ги обезбеди сите неопходни средства за работа и напредок како и дополнителни пакети на бенефити и усовршувања. Ние сме компанија која поттикнува тимска работа и претприемачки дух, ги цениме мислењата и придонесите на вработените за унапредување на процесите и средината на работа. Работиме со високо-етички и морални принципи.

Задачи и Одговорности:

-Организирање на оперативното работење на секторот:

o   Прибирање на примероци и анализа на почвата од површините

o   Развој и извршување на стратегии за заштита од штетници

o   Следење на влага во почвата и распоред на наводнување

o   Следење на процесот на подготовка и раст на насадите, со препорака за неопходни прилагодувања на плановите

 o   Обезбедување на надзор над клучните операции на земјоделството

 o   Следење и давање насоки за подготовка на теренот за садење

 o   Следење и давање насоки за садење

 o   Учество при селекција на семенски материјали и нивно распоредување

 o   Максимализирање на ефикасност на ѓубрива и заштитни препарати

 o   Мониторинг и спроведување на ефикасни решенија за спречување на болести

-Анализирање и планирање на ресурсите

-Подготовка и спроведување на планови за производство

-Следење и контрола на насадите

-Учествуво во изработка на краткорочни, среднорочни и долгорочни планови за развој на секторот

-Развој и спроведување на локални менаџерски проекти за следење и контрола на ресурсите во секторот

-Поставување и имплементација на стандарди за оперативно работење

-Тесна соработка со други сектори во хоризонтална и вертикална поставеност во компанијата

-Обезбедување на техничка поддршка за другите сектори во компанијата

 

Физички потреби: 

-Теренска работа

-Редовни посети на земјоделските површини

-Периодични патување до седиштето на компанијата (Скопје/Охрид)