Детали за огласот

  • DEKRA MACEDONIAнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://www.dekra.mk/
  • Код на огласотTGMGGMM

(Неактивен) - ВНАТРЕШЕН РЕВИЗОР

Детали за огласот

За потребите на нашиот клиент, современа и иновативна компанија, чија основна цел е на своите клинети  да им понуди различни видови решенија и услуги  за да ги заштити нивните интереси, да овозможи сигурност на нивните средства и да создаде профит со соодветно инвестирање, Декра ја огласува следната позиција:

Внатрешен Ревизор

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

Утврдува дали Друштвото ги извршува работите на осигурување во согласност со Законот за супервизија во осигурувањето; Утврдува дали Друштвото ги извршува работите согласно внатрешните прописи на Друштвото со кои се уредува работењето на Друштвото; Утврдува дали Друштвото води трговски книги; Подготвува годишни извештаи и ги вреднува ставките во годишните пресметки; Најмалку два пати годишно подготвува извештај за спроведена внатрешна ревизија, со содржина и во форма согласно со Законот; Изработува годишна програма за внатрешна ревизија која содржи области од работењето на Друштвото на кои ќе врши ревизија со опис и содржина на планирани оперативни ревизии на одделни области во работењето; Изработува годишен план за работа на внатрешната ревизија; Ги следи законите и прoмените во законите од областа на осигугувањето; Ја информира јавноста за податоците од годишниот извештај согласно со Законот и внатрешните прописи на Друштвото.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

Способност за организација и контролирање на работата и обврските; Конструктивен пристап кон работни процеси, стратегии и цели; Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати; Позитивен ментален став; Подготвеност за извршување на должности надвор од дефинираниот опсег; Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои се заинтересирани и ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е: 02/07/2019.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.