Детали за огласот

  • ПМКМнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttps://profil-group.com.mk/
  • Код на огласотTGKMFOM

(Неактивен) - СМЕНСКИ ОПЕРАТОР

Детали за огласот

За потребите на својот клиент - „ТГС Технички Гасови АД Скопје“, дел од групацијата SOL, која е една од најголемите Европски компании во секторот на технички и медицински гасови, ПМКМ објавува оглас за работната позиција: Сменски оператор

 

Работните задачи вклучуваат:

 

•    Потребни активности за водење на производниот процес во постројките за производство на технички гасови во кругот на Железара Скопје;

•    Грижа за нормална и исправна работа на сите производни постројки и опрема;

•    Задавање на параметри за производство согласно добиени налози;

•    Контрола на производниот процес и детектирање на аномалии во однос на параметрите и соодветно реагирање;

•    Постојана контрола на квалитетот на произведените гасови;

•    Следење на залихи;

•    Редовно водење евиденција;

•    Навремено и совесно извршување на зададените работни задачи во согласност со пропишаните мерки за безбедност на работа;

 

Основна нето плата за работното место:

23.700 денари

 

За компанијата:

„ТГС - Технички Гасови АД Скопје“ е компанија која се занимава со производство и трговија со технички и медицински гасови, како и транспорт, дистрибуција и продажба на медицински и технички гасови, дизајн и технички решенија, монтажа на инсталации за потрошувачка на гас и трговија со опрема и апаратура за користење на гас. Долгогодишното постоење на пазарот и континуираната грижа за своите вработени, како и сигурноста која им ја дава оваа компанија, се само дел од факторите кои ја прават конкурентна и посакувана работна средина.

 

Доколку сметате дека одговарате на горенаведениот опис, а сте во потрага по стабилна компанија која нуди сигурност, Вашето CV испратете го на info@pmcm.guru со назнака „За Сменски оператор“.

 

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.

 

Јавувањето и контактирањето директно во фирмата ТГС ќе се смета за прекршување на процесот на аплицирање и регрутација и ќе ве дисквалификува од истиот.

 

Краен рок за доставување на апликациите е 29.01.2019г.