Детали за огласот

  • ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб страна
  • Код на огласотTGKIJOM

(Неактивен) - СЕРВИСЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛАБОРАТОРИСКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ И МЕДИЦИНСКИ ИНСТРУМЕНТИ

Детали за огласот

ФАРМАХЕМ СЕРВИС - СКОПЈЕ

има потреба од: 

Сервисер за одржување на Лабораториски Информациски Систем и медицински инструменти

 

Барања за позицијата:

 

·  образование: ФЕИТ, ФИНКИ, дипломиран ел. инженер или студент при крај на студии кој има желба да напредува во македонска компанија;

·         одлично познавање на работа со компјутери, хардвер и компјутерски мрежи;

·         одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување);

·  предност ќе имаат кандидати со препораки од претходно работно искуство, особено со инсталирање и конфигурирање софтвер, вмрежување;

·  желба за учење нови работи, логика и аналитичност во размислувањето, висока организираност и прецизност, способност за извршување повеќе работни задачи истовремено, приспособување на нови и различни задачи, одговорност, мотивираност,  комуникациски вештини;

·         тимска работа со колегите;

·         поседување на Б возачка дозвола и активно возење.

Работни задачи:

Сервисерот ќе ги има следниве задачи:

1.       инсталирање и конфигурирање на Лабораториски Информациски Систем, за кој претходно треба да се инсталира потребен хардвер и да се конфигурира мрежа (доколку корисниците тоа не го направат сами);

2.       инсталирање, конфигурирање и одржување на интегрални решенија за мониторинг на температура, влага и други параметри;

3.       работа во просториите на Фармахем Сервис, како и посетa на клиентите од биохемиските лаборатории заради одржување и сервисирање на инструменти од областа на медицината (хематолошки бројачи, биохемиски анализатори, имунолошки анализатори, гасни анализатори).

       Приоритет имаат првите 2 наведени задачи.

Позицијата е на определено време, со можност за продолжување на неопределено време.

Нудиме:

ü  атрактивна и динамична работа;

ü  можност за надградба на професионален план;

ü  одлични услови за работа;

ü  можност за брзо напредување во кариерата. 

 

Позицијата е со седиште во Скопје.

Работно време од 08:00–16:00 h (понеделник–петок).

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете ја Вашата биографија на farmahem@farmahem.com.mk најдоцна до 18.12.2018.  Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју и проверка на знаењата.