Детали за огласот

  • ЕСИ (Employment Services International)Скопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни места1
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.esi.mk
  • Код на огласотTGJJONJ

(Неактивен) - РАКОВОДИТЕЛ НА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ

Детали за огласот

 

За вработување кај наш реномиран клиент, бараме:

Раководител за клучни клиенти

 

Главни задачи на позицијата:

·         Одговорен за севкупната комуникација, соработка и резултати во работата со клучни клиенти на компанијата;

·         Учествува во стратешкото планирање на компанијата како и во подготовката и спроведувањето на акциските планови во сектор Фармација; 

·         Блиску соработува со сите сектори во компанијата и придонесува во унапредување на процесите и зголемување на нивната ефикасност.

Задачи и одговорности:

·         Под надзор на Раководителот на сектор Фармација, извршува активности во сектор Фармација на дневна основа во согласност со утврдените работни планови и задачи;

·         Управува со покривањето на клучните клиенти преку јакнење на свеста за брендовите на компанијата, таргетирани дискусии и промотивни настани со здравствени работници;

·         Под надзор на Раководителот на сектор Фармација, подготвува бизнис план за клучните клиенти обезбедувајќи комплементарност со компаниските стратегии;

·         Може да ја претставува компанијата на професионални настани и да ги промовира компаниските брендови на истите;

·         Прави анализа на трендови и идентификува краткорочни цели во насока на зајакнување на позициите на компанијата;

·         Превзема активности за развивање на пазарот за продуктите во рамки на компаниската стратегија и процедурите;

·         Развива детално познавање на потребите и системот на давање здравствени услуги на секој од клучните клиенти (вклучително и хиерархиска поставеност, клучен персонал, внатрешни процедури итн);

·         Одговорен е за планирање, спроведување и следење на учеството на компанијата во тендерските постапки;

·         Задолжително обезбедува работење во комплетна согласност со позитивните законски прописи како и со процедурите во соодветните агенции и останати регулаторни тела;

·         Креира и одржува база на клучни клиенти и трошоци поврзани со истите;

·         Ги извршува сите административни задачи квалитетно и навремено;

·         Континуирано демонстрира личен интегритет и етички пристап во работењето;

·         Учествува на координативните средби во секторот и компанијата и одржува комуникација и континуирана соработка со останатите сектори;   

·         Во договор со Раководителот на сектор Фармација извршува и други задачи и превзема одговорности кои се во рамки на позицијата и предвидени со прецедурите и правилниците за работа на компанијата.

 

ЛИНИИ НА КОМУНИКАЦИЈА

·         Одговара на Раководителот на сектор Фармација;

·         Соработува со Стручните соработници во сектор Фармација.

 

КЛУЧНИ ИНДИКАТОРИ ЗА ОЦЕНКА НА РАБОТЕЊЕТО:

·         Обезбедува континуиран раст во продажбата на компаниските производи;

·         Одржува високо ниво на професионална соработка со клучните клиенти;

·         Подобрува ефикасност на компанијата преку унапредување на меѓусекторската соработка.

 

ОГРАНИЧУВАЊА ВО ОВЛАСТУВАЊАТА:

·         Работењето и активностите се исклучиво во рамките на насоки од Раководителот на сектор Фармација на компанијата во согласност со изработените акциски планови;

·         Сите активности на терен и билатерална соработка со клучните клиенти задолжително се спроведуваат во согласност со соодветните организациските процедури, во рамки на одобрените буџети и во согласност со позитивните законски прописи;

·         Изјави за јавност поврзани со работењето на компанијата дава само со одобрување на Раководителот на сектор а во соработка со Лицето за односи со јавност.

 

КВАЛИФИКАЦИИ:

·         Постдипломски студии во некоја од медицинските науки или ВСС - Медицински науки (Општа медицина, Стоматологија, Фармација)

·         Неопходно е 3-годишно претходно работно искуство во фармацевтскиот сектор, но пожелно би било да се поседува 5-годишно работно искуство во секторот и 3-годишно искуство во зоната на одговорност

 

СПЕЦИФИЧНИ ЗНАЕЊА И ИСКУСТВА:

·         Стручна компетентност

·         Користење на CRM софтвер

·         Одлично познавање на MS Windows и MS Office 

·         Одлично познавање на англиски јазик

·         Познавање на законската регулатива од соодветната област

·         Одлично познавање на англиски јазик

·         Возачка дозвола Б Категорија

 

СПЕЦИФИЧНИ ЗНАЕЊА И ИСКУСТВА:

·         Професионалност, лојалност и посветеност

·         Преговарачки вештини

·         Одлични презентирачки вештини

·         Комуникациски вештини

·         Решавање на проблеми и конфликти

·         Флексибилност и адаптибилност

·         Самоиницијативност

·         Ефикасно функционирање при тимска работа

 

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените квалификации треба да достават своја биографија и да наведат во електронската пошта за која позиција аплицираат.

 

Апликацијата на која не е наведено работното место нема да се земе во предвид.

 

Селекцијата на кандидати се извршува по истекот на огласот. Доколку бидат доставени над 120 биографии, селекцијата се врши и до 120 денови.

 

Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во нашата дата база со можност за повикување на идни соодветни огласи.

 

Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.

 

Доколку ги исполнувате наведените критериуми, своите биографии испратете ги на rabota@esi.mk инаведете ја позицијата за која аплицирате.

 

ЕСИ (Employment Services International)

ул. Костурски херои 62/1,1000 Скопје

T: +389 2 3246-899, Ф: +389 2 3246-897 rabota@esi.mk, www.esi.mk