Детали за огласот

  • Друштво за превоз и услуги ЖАС ГРУПАЦИЈА ДОО СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеОпределено
  • Број на работни места2
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.zasgroup.com.mk
  • Код на огласотTGJHHHF

(Неактивен) - ДИСПОНЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ - 2 ( ДВЕ ) ПОЗИЦИИ

Детали за огласот

ЖАС ГРУПАЦИЈА  ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим, за вршење на својата основна дејност има потреба од:

ДИСПОНЕНТ ЗА  ТРАНСПОРТ   - 2 ( две  ) позиции 

 Работни задачи:

-          Одговорен е за подготвување на цени за услугите;

-          Остварува директен контакт со трети лица за договарање на транспортни налози;

-          Се грижи за експолатација на возилата и врши задолжување/раздолжување на возачите со возила и опрема;

-          Ги следи возилата со помош на GPS систем;

-          Извршува анализа на ефективноста на возилата и возачите (реализација и профит);

-          Подготвува документација за фактурирање за извршен превоз;

-          Одговорен е за изработување на техничката документација на возилата и внимава за истекот, односно продолжување на истата.

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 6 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

       Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: vladana.tolovska@zasgroup.com.mk со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 31.08.2018 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју