Детали за огласот

  • Агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст БЕЈБИСИТИНГ СЕРВИС СкопјеСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеНеопределено
  • Број на работни местанема информација
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.babysittingmk.com
  • Код на огласотTGHGNKH

(Неактивен) - ДАДИЛКА - НОЌНА СМЕНА

Детали за огласот

Бараме талентирани личности кои ќе станат дел од нашиот тим

Бараме личност со амбиција и желба да ни се придружи во нашата работа во згрижување, нега и едукација на деца. Ние сме компанија основана со цел на родителите да им овозможиме висококвалитетна услуга чување и воспитување на децата. На грижата за децата гледаме како на интерактивен процес со коишто на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Ние ја почитуваме различитост и индивидуалноста на секое дете и секое семејство. Модерно и современо време е исполнето со предизвици како за децата така и за родителите и нашиот тим е посветен да пружи висококвалитетна услуга кон нашите клиенти.

Нашата компанија расте и за потребите на нашите клиенти и нашата агенција објавуваме оглас за вработување на

 

ДАДИЛКА – грижа и нега на бебе во домот на семејство, НОЌНА СМЕНА 22:00 - 06:00, понеделник - петок

Плата: По договор (почнувајќи од 17 000 МКД па нагоре во зависност од искуството и квалификациите на дадилката)

Дадилката ќе биде вклучена во сите активности коишто се однесуваат на грижа и нега на детето во домот на семејство, вклучувајќи секојдневна (понеделник-петок) грижа и нега на детето, едукативни активности и придружување на детето. Секое семејство има различни побарувања и очекувања, што значи дека и секоја негувателка има релативно различен фокус во својата работа. Возраст на детето, начин на исхрана, омилени активности или посебни потреби се фактори кои имаат влијание на организација на секојдневните активности. Меѓутоа без оглед на посебните услови, висококвалитетна грижа и нега на детето е приоритет за секоја дадилка.

Клучни одговорности на дадилката:

Грижа и нега на бебе (најчесто од 3 месеци па нагоре)

Хранење, стерилизација на шишиња

Подготовка на оброци за детето и хранење

Бањање, облекување и пресоблекување

Помош на детето околу лична и општа хигиена

Одржување на детска соба и простор за играње

Грижа за играчки и детски алишта

 

Нудиме:

Ние нудиме можност за долгорочно вработување, напредување и надоградување. Дадилките во агенција имаат можност за соработка и работа во странски и домашни семејства. Надоместоци и плати во нашата агенција се мотивирачки и вклучуваат освен плата и можност за едукација и присуствување на домашни и меѓународни обуки во наведена облас.

Доколку сте заинтересирани, испратете ја Вашата биографија електронски најдоцна до 25 јануари 2018 година.

Сите апликации и пријави ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со Закон за заштита на лични податоци.

info@babysittingmk.com

contact@babysittingmk.com

www.babysittingmk.com