Детали за огласот

  • Karisma Hotels Montenegroнема информација
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањенема информација
  • Број на работни местаKoтор, Улцин, Бар
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаhttp://karismaadriatic.com/
  • Код на огласотTGHFJNF

(Неактивен) - ШЕФ НА РЕЦЕПЦИЈА

Детали за огласот

Ја организира работата на рецепција;

Одговорен е за работните резултати на рецепцијата, за квалитетот на услугата на секторот, како и за трошоците на рецепцијата;

Целосно е запознаен со сите процедури на рецепцијата и е одговорен за спроведување на наведените процедури од страна на сите работници на одделот рецепција;

Воспоставува распоред на работата на смените и работниците на рецепција и води евиденција на работниците на рецепција;

Одговорен е за раководењето на работното време на работникот на рецепција, како и за трошоците за работа на работникот на рецепција;

Го контролира работното време и ги авторизира прекувремената работа и трошоците за работа;

Ја организира и ја контролира работата на рецепција. Соработува со резервациите во сите сектори на резервацијата;

Прима резервации за соби преку телефон, телефакс, е-пошта или преку резервациски систем, со пополнување на пропишаниот образец и во согласност со пропишаните правила и процедури;

Издава сметки и фактури (за гости и агенции) за извршените услуги;

Прифаќа и откажува резервации, и составува списоци за пристигнување и заминување на гостите;

Подготвува список за слободните соби за тековниот и за следниот ден и им ги распоредува собите на гостите пред нивното пристигнување;

Ги известува претпоставените за доаѓањето на ВИП-гости и за нив води посебна грижа;

Ја ажурира табелата со странски валути;

На сите гости при пристигнувањето, срдечно им пожелува добредојде;

Проверува дали се води и дали се пополнува евиденцијата за гостите;

Ја проверува точноста на извештајот на домаќинството во однос на податоците на рецепцијата;

Изработува табели, ги забележува и во картотеката ги носи податоците за резервациите и распоредот на собите и за тоа ги известува подредените; 

Обезбедува добра контрола на издавање и примање на клучевите (гости и вработени/сектори);

Го зголемува приходот од собите со имплементација на соодветен систем на контрола;

Се состанува со водичите на групи и со нив одржува контакт додека престојува групата, и одржува постојан контакт со тур-операторите и со нивните претставници;

Презема информации од раководителите на смена, и им ги предава на раководителите на следната смена, ги прегледува податоците за смените за работата непречено да тече;

Ја проверува состојбата на канцеларискиот материјал, на обрасците и на клучевите, за работата непречено да тече;

Ја следи работата и му помага на персоналот во својата смена и ги поучува на самото работно место;

Води готовинска благајна, ги евидентира сите плаќања, менува странски валути, работи со готовина, со кредитни картички и со патнички чекови;

Врши контрола на пресметката на ваучерите, на хотелските сметки и внимава да бидат точно пополнети, во согласност со поединечните трошоци;

Работи со уредот за кредитни картички, го билансира и го затвора на крајот на смената;

Ги прокнижува трошоците на сметките на гостите, ги прима и ги евидентира плаќањата од гостите;

 

Прави список со важни (итни) телефонски броеви и ги чува на видливо место.