
(Неактивен) - ПОВИК ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЦМА КРИК-АСИСТЕНСТ ЗА ДИЗАJНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ МЛАДИНСКИ ПРОГРАМИ
Детали за огласот
Центарот за младинскиот активизам Крик е невладина, непрофитна организација основана од страна на млади луѓе, предводена од млади луѓе и работи за и со младите луѓе. Крик се стреми кон поттикнување на поголемо учество на младите, младински активизам, да ги охрабри младите луѓе да бидат повеќе вклучени во процесот на креирање политики на локално и на национално ниво. Целната група со која КРИК работи се млади луѓе кои сакаат да придонесат и направат промени во општеството и работење за благостојба на социјално исклучените групи од општеството и маргинализираните групи.
Мисијата на Крик е зајакнување на капацитетите на младите, нивно мотивирање за слободно да го изразат своето мислење, да придонесуваат во општеството, како и поддршка на младинската работа и младинските работници преку дејствување во различни области со цел поголема партиципација на младите, младинскиот активизам и вклученост во процесот на креирање политики на локално и национално ниво.
За потребите на секојдневното работење на Центар за младински активизам Цма Крик отвараме 1 нова работна позиција-асистенст за дизаjнирање и спроведување младински програми.
Основни информации:
Асистент за дизајнирање и спроведување младински програми ангажиран на пола работно време 20 часа неделно.
Работни обврски:
Да развие, дизајнира и подготви целосна програма и работна методологија наменета за млади лица со типичен развој и млади лица со попреченост; Да фацилитира сесии на различни теми за различни целни групи на млади; Да понуди експертиза и знаење за личен и социјален развој на млади со типичен развој и млади со попреченост; Да детектира и да пристапи до различни целни групи и да ги препознае нивните потреби и предложи програми за нивен развој; Дава поддршка во менаџирањето на веќе постоечките и тековни проекти на организацијата и помага во дизајнирање на нови според потребите на целните групи; Дава поддршка и експертиза во прибирање финансиски средства за наредни проектните активности; Спроведува активности од младинска работа и комуницира со останати партнери (организации) од младинскиот сектор; Работи на развивање на едукативни програми за млади лица со попреченост и без во младинскиот центар Крикни По потреба, помага во комуникација со донатори (народни и меѓународни).Работен ангажман: од понеделник до петок по 4 часа. Понекогаш и работа преку викенд (на одредени настани).
Работен простор: младински центар на Цма Крик кој се наоѓа во Пржино.
Број на асистенти: 1.
Доколку сте заинтересирани аплицирајте со испраќање на кратка биографија и мотивационо писмо на infokrikcenter@gmail.com.
Краен рок за аплицирање: 25.06.2017
Работниот ангажман започнува на: 01.07.2017
Тест период: 01-20.07.2017
Ангажманот се склучува со времетраење од 3 месеци и можности за продолжување. По истекување на 3те месеци, договорот се продолжува за полно работно време во период од 1 година.