Детали за огласот

  • AГЕНЦИЈА РЕЈТИНГ СП-МСкопје
  • Плата нема информација
  • Вид на вработувањеХонорарно
  • Број на работни места15
  • Контакт телефонРокот за аплицирање е завршен
  • Контакт емаилРокот за аплицирање е завршен
  • Веб странаwww.rating.mk
  • Код на огласотTGFFHGG

(Неактивен) - АНКЕТАРИ

Детали за огласот

Специјалисти за комуникација на хрватски руски и словенскијазик

Агенција Рејтинг е специјализирана агенција за пазарни истражувања и контакт центар услуги која веќе десет години успешно работи на македонскиот пазар и пазарите во Европа. За потребите на нашите клиенти од земјите со хрватско руско и словенско говорно подрачје, креираме тимови за деловна комуникација во различни области кои работат по највисоки професионални стандарди во индустријата.  

Заради зголемениот обем на работа и нови проекти, отворени се нови позиции за специјалисти за комуникација на

§  Хрватски јазик

§  Руски јазик

§  Словенски јазик

Работното  време од 16 - 21 часот секој работен ден и сабота со работно време од 11 -17 часот.

Задолжителни квалификации за оваа позиција се одлично говорење на еден од трите јазици хрватски руски или словенски (минимум ниво Ц1, сертификат не е задолжителен). Доволно е  разбирање и говорење на еден од јазиците за кои апилцираат. Кандидатите  кои имаат познавање на повеќе од еден јазик ќе имаат предност,  и важно е во апликацијата да се наведат сите  потребни информации за тоа како и каде е применуван јазикот.

Потребно е и солидно познавање на пакетот МС офис и работа со компјутер.

Заинтересираните треба да испратат кратка биографија  на нашата е маил адреса jobs@rating.mk. и потребно е да се наведе за кој јазик се аплицира.

Со исполнување на условите, можноста за почеток со работа е веднаш. Искористете ја можноста да се  приклучите кон професионален и мотивиран тим каде ќе се надградувате и напредувате во кариерата.